Вархеји не сака да ги коментира бугарските клубови: Да им веруваме на Скопје и Софија

t

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, не сакаше да го коментира отворањето на бугарските клубови со имиња на фашистички соработници, но изрази надеж дека преговарачката рамка и процес ќе помогнат да се надминат тензиите, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Се надевам дека со договорот за преговарачката рамка и одржувањето на првата политичка меѓувладина конференција, и политичкиот договор кој нѐ донесе таму ќе создадат различна клима, рече еврокомесарот за проширување.

Тој ги повика двете страни да бидат отворени и да се посветат на соработка преку создадената рамка.

-Се појавуваат охрабрувачки знаци и треба да имаме доверба во нашите пријатели во Софија и во Скопје дека ќе најдат начин да ја променат целата атмосфера, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да беше Ленин – Сталин со Квиско…

Да беше Ленин Сталин во 2018-та ќе…

Болна работа: Малолетник од Скопје силувал малолетничка

Денеска (28.11.2022) во 02.20 часот, полициски службеници…

Македонец уапсен во Софија! Определен му е…

Македонски државјанин е уапсен и обвинет откако…

Лишени од слобода крадци од Скопје

По преземени оперативни мерки и активности од…

Денеска во центарот на Скопје се отвара…

Денеска во Скопје со церемонија која ќе…