Василевска: ВМРО-ДПМНЕ со декларацијата им нуди на сите политички партии заедно да направиме сериозно, достоинствено чествување на ликот и делото на Гоце Делчев

Сметам дека СДСМ не се ни обидоа воопшто ниту да ја прочитаат понудената декларација за Гоце Делчев. Тие немаат ниту индивидуален став што е безобразно и навредливо во 21век бидејќи секој еден народен пратеник си претставува одредена група граѓани, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.
„Немањето на баланс во однос на правата, должностите и внесувањето на прашањето за ревидирање на историјата помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, создаде проблем коишто континуирано тој проблем се градеше во Бугарската политичка номенклатура. Додека пак ние тука влеговме многу слепо и клиентелистички поставени“, посочи Василевска.
Василевска додаде дека ние имаме речиси никакви комисии за култура, бидејќи во рамките на оваа комисија потребно беше уште во текот на ноември минатата година да се подготви планот за одбележување и чествување и одбележување на познати личности, настани, битни историски личности.
„ВМРО-ДПМНЕ со декларацијата им нуди на сите политички партии да застанат зад декларацијата и да направиме сериозно, достоинствено чествување на ликот и делото на Гоце Делчев. Секоја национална држава е самостојна и суверена и самата има право дури на своја национална митологија“, заклучи Василевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Крмов: Не е првпат ДПМНЕ да…
Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да ги задуши…
(Видео) Крмов открива детали: Доктори блиски до…
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, во денешното…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ негираат дека Груевски ги…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не одговараат дали поранешниот…
Груевски ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да…
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО: Како Мицкоски на Централен комитет…
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, во денешната…