„Вашиот син усмрти дете, дајте 3.500 евра за да не оди во затвор“
На 29.09.2022 во 22:00 часот во Полициската станица Аеродром, 74-годишен скопјанец пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице за сума од 3.500 евра.
Според пријавеното, лицето им се јавило околу 09:15 часот и ги известило дека нивниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која починало дете и доколку сакаат да се спаси од затвор ќе треба да му дадат пари.
Како што е пријавено, тие се договориле и му ги дале парите, но подоцна сфатиле дека се измамени.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Возач од струмичко вршел јавен превоз…
На 07.08.2024 околу 23.20 часот во близина…
Шапиќ: Белград ќе изгради три градски марини!
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска најави…
Тошковски: Длабока почит и сочувство до семејствата…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска…
Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…
Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…
Исплатени се субвенции за произведено и предадено…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан…