Велешанец му се заканувал на месар дека ќе го убие

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и неизвршување судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Велес.
– На 12 април, осомничениот, пред месарница на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес ја загрозил сигурноста на сопственикот на месарницата и уште две присутни лица, навредувајќи ги и заканувајќи им се дека ќе ги убие. Откако во постапка му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и забрана за приближување односно воспоставување и одржување контакти или врски со определени лица, осомничениот ваквото судско Решение не го почитувал, па на 4 мај повторно се приближил кон еден од оштетените и започнал да му се заканува, велат од ОЈО Велес.
Бидејќи постои опасност од бегство и поради фактот што определените мерки за претпазливост осомничениот не ги почитувал, јавниот обвинител му предложи на Основниот суд во Велес да ги укине мерките и на осомничениот да му определи мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомниченото лице му определи притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хорор во Њујорк: Вооружен маж уби најмалку…
Бројот на загинати се искачи на 10,…
Велешанец му се заканувал на месар дека…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против…
Брука: Девојка била тепана, силувана, давена, а…
Девојката од Велес која на 2 август…
(Фото) Гром удри во зграда во близина…
Силно невреме денеска го зафати Велес. Гром…
Хорор: Проститутка ги дрогирала и убивала нејзините…
Анџелина Барини (43) плачеше на суд кога…