Велешанец му се заканувал на месар дека ќе го убие

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и неизвршување судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО Велес.
– На 12 април, осомничениот, пред месарница на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес ја загрозил сигурноста на сопственикот на месарницата и уште две присутни лица, навредувајќи ги и заканувајќи им се дека ќе ги убие. Откако во постапка му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и забрана за приближување односно воспоставување и одржување контакти или врски со определени лица, осомничениот ваквото судско Решение не го почитувал, па на 4 мај повторно се приближил кон еден од оштетените и започнал да му се заканува, велат од ОЈО Велес.
Бидејќи постои опасност од бегство и поради фактот што определените мерки за претпазливост осомничениот не ги почитувал, јавниот обвинител му предложи на Основниот суд во Велес да ги укине мерките и на осомничениот да му определи мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомниченото лице му определи притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали за “филмското” убиство во Лесковац: Биљана…
Српската полиција телото на Иван Стојановиќ (40) од…
(Видео) Апасиев ја подбра Бисера: Финансирате детски…
Пратеникот Димитар Апасиев вели дека културното наследство…
Семејна драма во Велес: Синот ја нападнал…
„Вчера во 17:45 часот во Велес, полициски…
Ги турнал гаќите пред малолeтник: Приведен 60-годишен…
На 01.06.2022 во 16:05 часот во Велес,…
Хорор во Бугарија: Мајка ја уби осумгодишната…
Самохрана мајка од пловдивското село Железно со нож ја…