Објавено на:

Верешчук: Педесет цивили, меѓу кои и жени и деца беа евакуирани денеска во Мариупол

t

Педесет цивили беа евакуирани во нов голем конвој од големиот челичен комплекс Азовстал, последното упориште на украинскиот отпор во Мариупол, пристанишен град под опсада на руските војници, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

„Денеска успеавме да изнесеме 50 жени, деца и стари лица од Азовстал. Ќе ја продолжиме операцијата за евакуација утре наутро“, рече Верешчук на Телеграм.


Таа ги обвини руските сили дека „постојано го кршат“ прекинот на огнот што Москва го воведе за време на евакуацијата.

„Поради тоа евакуацијата беше исклучително бавна“, рече Верешчук.

Претходно денеска, Азовскиот полк, кој ја брани огромната фабрика за челик и каде се наоѓаат последните украински борци во Мариупол, ги обвини руските војници дека пукале врз едно од нивните возила што учествувале во операцијата за евакуација на цивили, кога еден војник загинал.

Евакуациите се вршат под покровителство на ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст и почнаа викендов, а овозможија речиси 500 луѓе да заминат за Киев.

ОН и Меѓународниот Црвен крст вчера попладне објавија дека испратиле нов конвој во Азовстал, каде се верува дека останале стотици војници, од кои многумина се ранети, а десетици цивили, според градските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија откри каде ги “смести” заробените Азовци…

Главните бранители од челичарницата Азовстал кои војуваа…

Овде умре и надежта: Нема шанси за…

Невозможно е да се организира безбеден излез…

Хорор во Мариупол: Мртвите тела се носат…

Во урнатините на уништените згради во Мариупол…

(Видео) Ексклузивни снимки: Како се “ловеа” Азовците…

Уникатна борбена снимка од ловот на „Азов“:…

Медицински колапс во Мариупол

Мариупол, разурнат пристаништен град, сега е под…