Објавено на:

Верниците во шок: Свештеник 26 години погрешно крштевал, обредите мора да се повторат

t

Илјадници католични верници од САД ќе мора повторно да се крстат откако Црквата открила дека свештеник 26 години користел погрешен збор за време на крштевањата.

Отец Андрес Аранго, за време на обредите ги користел зборовите „те крштеваме во името на Отецот, Синот и Светиот дух“ наместо „те крштевам“ како што наложува Ватикан. Зошто разликата меѓу еднина и множина е важна објаснува бискуп Томас Ј. Олмстед.

-Не е заедницата таа која крштева, туку Исус Христос и само тој ги предводи сакраментите. Исус Христос е оној кој крштева, објаснува бускупот.

Грешката на свештеникот била откриена во средината на 2021 година.

-Отецот користел неточна терминологија од почеток на својата служба, се додека минатото лето не било обрнато внимание. Немам точен податок за бројот на луѓето кои се крстени меѓу 1995 и 2021 година, но верувал дека се бројат во илјадници, вели портпаролката Кејти Бурк.

Откако грешката била увидена, Аранго ја напуштил досегашната работа „за да се посвети на исцелување и помагање на жртвите од оваа грешка. Бискупијата блиску соработување со него. Се организираат повторни крштевања на сите кои го примиле сакраментот на погрешен начин, вели Бурк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…