Објавено на:

Вечерва ќе се знае дали паѓа владата на Петков

t

Денешната редовна седница на бугарското Народно собрание ќе почне со процедура за избор на нов претседател, јави дописникот на МИА од Софија.

По изгласаната смена на Никола Минчев, функцијата ја презеде Мирослав Иванов. Можно е најголемата партија во Народното собрание „Промените продолжуваат“ повторно да го предложи Минчев за шеф на парламентот.

Ива Митева од партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ е второто име што се споменува за оваа функција, иако таа изјави дека одбила да биде номинирана во оваа сложена политичка ситуација во Бугарија.

На вонредна седница вечерва во 19 часот и 10 минути пратениците треба да гласаат за барањето недоверба на владата на Кирил Петков.

И денеска во парламентарната комисија за надворешна политика на бугарскиот Парламент во 15 часот треба да се одржи состанок на кој ќе се разгледа предлогот на француското претседателство со ЕУ за одобрување на преговарачката рамка за Македонија и одржување на првата меѓувладина конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милановиќ до Вучиќ: Косово е реалност и…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се осврна на…

Жена го копала тунелот во судот во…

Црногорската полиција идентификуваше жена која е осомничена…

(Видео) Зошто СДСМ не реагира и не…

Зошто СДСМ не реагира на работата на…

Ексклузивно: Детали за “Панорама”! Зошто расколот предизвикан…

Во врска со коментарите на социјалните мрежи…

(Видео) Мицкоски искористува жена под политички прогон…

Мицкоски искористува жена која е под политички…