(Видео)Русите го завземаа еден од најважните градови во Украина – Херсон сега е под руска команда
Руската армија објави дека го завземала Херсон, најголем град досега. Иако локалните власти тврдат дека градот е само опколен, според информациите и фотографиите кои се објавуваат оттаму, по се изгледа дека тврдењето на руската армија е точно. Се работи за најголемиот украински град кој досега руската армија успеа да го завземе.
Херсон е пристанишен град на брегот на Црното Море.
Според снимките објавени на ЈуТјуб, чија автентичност ја потврди и Би-Би-Си, во центарот на Херсон се наоѓаат руски сили. На снимките се гледаат тенкови и војници со бел повез на раката.
Зошто Херсон е толку важен?
Британскиот воен експерт Џек Валтинг од институтот Ројал Јунајтед Сервисес вели дека се работи за важна стратешка локација на реката Дњепар, која ја пресекува Украина на два дела.
„Како што Русите ги завземаат клучните градови на Дњепар, ќе можат да ја пресечат Украинската линија на отпор од запад на исток и со тоа да се запре ефективноста на отпорот на украинската војска која се бори во подрачјето околу Донбас на истокот на земјата“, вели Валтинг.
Русија исто така ќе почне „да ја гуши украинската логистика“, додава Ватлинг.
Контролата над Херсон значи и контрола над важни извори на вода, наведува Би-Би-Си. Имено, откако Русија го анектираше полуостровот Крим, Украинците го запреа дотокот на вода ставајќи брана во Севернокримскиот канал со цел отцепување на снабдување со свежа вода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…