(Видео) Анархија во Шри Ланка: Министрите молат за својот живот, политичари се каменувани и тепани по улици, нивните возила завршија во океаните!

t

Во овие моменти буквално гори Шри Ланка која само пред неколку недели прогласи банкрот. Претседателот на Шри Ланка Готабаја Раџапакса прогласи вонредна состојба среде широко распространетите јавни протести, на кои граѓаните бараат негова оставка поради најголемата економска криза во земјата во последните години.

Во моментов бензинските пумпи се празни поради големите кусоци на гориво.

Веќе неколку месеци населението во редици чека за купување гориво, плин, храна и лекови. Имајќи го во предвид растот на цената на нафтата поради руско-украинската војна, резервите на гориво во Шри Ланка се намалуваат. Властите најавија прекини во испораката на електрична енергија во целата земја, бидејќи не можат да обезбедат гориво за електраните.

Демонстрантите бараат Раџапакса и неговите моќни владеечки семејства да се повлечат, сметајќи ги за одговорни за економската криза. Слични протести се проширија во повеќе градови низ земјата.

Протестите се далеку од мирни и се шпекулира дека досега се убиени близу 3 илјади луѓе.

На социјалните мрежи се појавија видеа од група политичари соблечени и на земја молат за живот, политичар кој го брка и тепа толпата, каменувани политичари, автомобили на политичари и елити се фрлаат во океанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видевски: Го прашав зошто ја уби Вања,…

На претходното судско рочиште, обвинетиот Боре Видевски…

Кој е Мустафа Имери, првиот директор Албанец…

Мустафа Имери (1981, Скопје) е новиот директор…

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители…

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители…

Трамп: Русија можеби „купува време“, и јас…

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека Русија…

Вучиќ со нови ветувања откако ЕУ побара…

Иднината на Србија е во ЕУ, порачаа…