(Видео) Анџелина Џоли итно евакуирана во засолниште: Л’вов гранатиран за време на нејзината посета

Холивудската актерка Анџелина Џоли денеска го посети Л’вов.
На првото видео објавено денеска на Фејсбук можеше да се види актерката како се смешка и им мавта на обожавателите додека нарачува кафе. Објавени се нејзините слики од железничката станица, каде разговарала со бегалци, посетила интернат и болница.
Градоначалникот Максим Козицки рече дека ветила дека повторно ќе дојде.
Џоли ги посети повредените деца евакуирани од Доњецката област и сирачињата. Таа се сретна и со волонтери кои обезбедуваат медицинска и психолошка помош на Украинците кои се евакуирани од загрозените градови.
Џоли со години беше специјален пратеник на агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР, но дојде во Лавов без посредство на ОН. Портпаролот на УНХЦР изјави дека ОН не биле вклучени во нејзината посета на Украина и дека таа отишла таму сама.
Тревога во Лавов
Анџелина Џоли мораше итно да биде однесена во засолниште за бомби додека се вклучија сирените за воздушни напади во Лавов.
Додека Џоли престојувала во Лавов, се огласиле сирените и актерката морала да замине во прифатилиштето. Објавена е снимка од нејзиното одење во засолниште, на кое некој ја прашува Анџелина дали се плаши. Таа рече – Не.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пекол на фронтот: Хаотично гранатирање во Бахмут
Градот Бахмут во источна Украина се соочува…
Што се случува на фронтот?! Путин одобри…
Рускиот претседател Владимир Путин јавно одобри евакуација…
Овде умре и надежта: Нема шанси за…
Невозможно е да се организира безбеден излез…
Русија дозволи евакуација на ранети од Азовстал:…
Руската армија воведе прекин на огнот во…
Конечно: Евакуирани сите жени, деца и постари…
Жените, децата и постарите лица се целосно…