(Видео) Арсовска: Започна прскањето против комарци

Во гостувањето во емисијата „Наше Скопје“ на Инфомакс градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска открива дека започнало прскањето против комарци во главниот град.
Таа посочи дека и покрај сите саботажи и временски неприлики навремено се отпочна со оваа акција за уништување на овие штетници кои изминатите неколку години им предизвикуваа огромни проблеми на скопјани.
-Градот Скопје за прв пат годинава започна со прскањето против ларви комарци, во теков на неделава следи второто прскање, се разбира ако не служи времето бидејќи кога е врнежливо не може да се одвива прскањето. Можам да кажам дека се се одвива како што е планирано со планираната динамика. Граѓаните да бидат информирани дека иако во изминатите години имаше доцнење со прскањето годинава и покрај сите саботажи кои ги имавме успеавме навремено да прскаме против комарци, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје…
СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре,…
Пицула повторно избран за претседател на Работната…
Известувачот на Европски парламент за Србија, Тонино…
Србија и Унгарија потпишаа договор за соработка…
Во Палатата Србија во присуство на претседателот…
Обвинителството прави распити, анализи и вештачења од…
Јавните обвинители од тимот кој ја води…
Автобус удрил во 51-годишна скопјанка на тротинет
МВР информира дека вчера попладне околу 13.40…