(Видео) Арсовска им објави војна на предрасудите: Започната нова кампања – “Да ги срушиме стереотипите”

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на нејзиниот Фејсбук профил сподели видео кое е дел од кампањата за рушење на стереотипите меѓу мажите и жените.
На видеото се покажани примери од уникатни жени кои имаат таканаречени машки професии и кои со нивниот ангажман докажуваат дека мажите и жените можат да бидат еднакви.
Еве што напиша Арсовска:
“Да ги срушиме стереотипите!
Во Скопје има примери на силни жени, жени кои рушат стереотипи со своите животни приказни.Сања Богдановска, Марија Цветковска и Макфире Шаќири, ги рушат родовите стереотипи, секоја вредна за почит, со труд и работа во професија во која доминираат мажите.
Оригинални, вредни, посебни, трудољубиви, докажуваат дека доколку се пристапи кон професијата со желба, посветеност и внимание, може да се постигне целта.” – стои во описот на видеото.
Погледнете го видеото на следниот линк: https://fb.watch/bAXYS5HjWX/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…