(Видео) Арсовска открива нов скандал: Шилегов платил 75 илјади евра за веб страница која никогаш не ставена во функција!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето гостување на Инфомакс во емисијата „Наше Скопје“ открива дека претходното раководство на градот на чело со Петре Шилегов платило 75 илјади евра за услуга која никогаш не е испорачана.

Арсовска потенцира дека веб страницата која требало да биде изработена за оваа вртоглава сума, сума која е повисока од пазарната вредност за една таква веб страна никогаш не била ставена во функција.

-Најстрашно е што претходното раководство платило 75 илјади евра за веб страница и за услуга која никогаш не е испорачана, односно страницата не е функционална. Значи злоупотребата е двојна, секој лаик може да преку едно истражување на пазарот да оцени и да види која е цената на чинење на една таква веб страница. Уште по симптоматично е што тоа што требало да биде испорачано за 75 илјади евра не е испорачно. Тоа се средства на граѓаните, тие треба да се раководат домаќински, вели Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пак си „играме“ со мечката: Во Битола…

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти…

Јонуз за Голема Албанија: Ќе има крв…

Во Македонија нема кoлумниста што секоја колумна…

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето…

Во координација сме со јавен обвинител и…

Македонија доби 6,5 милиони евра КАЗНА од…

Минатата година на Европската банка за обнова…

Телефонски разговор Османи – Милков

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари…