(Видео) Арсовска: Судиите да се бираат на непосредни избори, ако може во САД, може и во Македонија

Потребна е реформа на правосудниот систем. Судиите треба да бидат избирани на непосредни избори, доколку може тоа така во САД, може и во Македонија, истакна во гостување во „Само интервју“ на Канал 5 градоначалничката на Град Скопје и претседателка на партијата „Нова Алтернатива“, Данела Арсовска.
– Тој е легитимитетот кој би бил најсилен, да понудат биографија, да кажат кои се нивните цели и принципи на работа, јавноста да ги запознае и да ги избере. Така би се зголемила довербата во правосудниот систем, лично му давате доверба на некој кој треба да ги застапува правото и правдата, за разлика од сега кога олигарските можат да си купат слобода.
Ни требаат личности со интегритет и некои на кои граѓаните ќе им веруваат и зошто да не ги изберат самите? Сржта на идејата е да се елиминира влијанието на олигархијата и политиката врз овие личности. – рече Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…
Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…