(Видео) Балканот ќе биде надлетуван од американски бомбардери, НАТО започна вежба на нуклеарните сили

t

Военото воздухопловство на НАТО ја започнa редовната годишна вежба за нуклеарно одвраќање именувна како „Steadfast Noon“ во Европа, објави седиштето на Алијансата.

Во вежбата, која ќе се спроведува над Италија, Хрватска и на Медитеранот и се очекува да трае до 26 октомври, учество ќе зедат околу 60 авиони од различни типови, вклучувајќи ловци-бомбардери, извидувачки авиони и танкери авиони од десетина земји на НАТО, како и од САД меѓу кои ќе бидат вклучени и стратешките бомбардери од типот Б-52 на американските воздухопловни сили.

„Вежбата ќе помогне да се обезбеди сигурност, ефективност и безбедност на нашето нуклеарно одвраќање. Ова испраќа јасен сигнал дека НАТО ќе ги заштити и брани сите сојузници“ – изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, минатата недела два дена откако Русија предупреди дека ќе се повлече од глобалниот договор за забрана на нуклеарни тестови.

Вежбите вклучуваат борбени авиони кои можат да носат нуклеарни боеви глави, но не и нуклеарни бомби.

Вежбите секоја година се планираат и спроведуваат уште пред почетокот на рускиот напад врз Украина. Русија обично ги одржува своите годишни вежби од прилика во исто време, а НАТО очекува дека Москва, и оваа година ќе одговори со слични воени вежби до границите на Алијансата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на…

Кина ги нарушува технолошките пазари: Забраната за…

Кинеската одлука за забрана на извоз на…

Кошмарна ноќ за Далас – загуби од…

Далас маверикс вечерва загуби од Минесота тимбервулвс…

Лазаров е тренер на годината

Министерството за спорт ја организираше церемонијата на…

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: „27 април“ треба да…

Дарко ЈАНЕВСКИ Евентуалното паѓање на случајот „организатори…