(Видео) Бајден бара начин како да извлече 20 милиони тони “заробено” жито од Украина

Во Украина се складирани 20 милиони тони жито. Сега се обидуваме да откриеме како да ги извлечеме од земјата. Тоа ќе ги намали цените ширум светот – Бајден
Украина би можела да загуби десетици милиони тони жито поради руската блокада на нејзините пристаништа во Црното Море. Ова би предизвикало прехранбена криза што ќе ги зафати Европа, Азија и Африка, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски, минатата недела.
Украина беше четвртиот најголем извозник на житни култури во светот во сезоната 2020/21, продавајќи 44,7 милиони тони во странство, според Меѓународниот совет за житни култури.
Руската инвазија на Украина сериозно ги намали испораките од двете земји, кои заедно сочинуваат околу 25% од светскиот извоз на пченица и 16% од пченката, што доведе до скок на цените на житото на меѓународните пазари.
Милиони тони жито се заглавени на бродовите во украинските пристаништа.
– Русија не дозволува бродови ниту да влегуваат, ниту да излегуваат, таа го контролира Црното Море – изјави Зеленски за австралиската информативна програма „60 минути“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возбудливата љубовна приказна на Европејците и Украинците…
Се чини дека возбудливата љубовна приказна на…
Ништо од единството: Ситуацијата во Украина ги…
Британски весник: Ситуацијата во Украина го подели…
Русите гневни: Украина го ганатира Белгород, има…
Најмалку три лица загинаа, а десетици станбени…
Зголемен извоз на жито од Украина годинава
Украина извезла за 8 отсто повеќе жито…
Норвешка ќе обезбеди 1 милијарда евра помош…
Норвешка вети дека ќе обезбеди финансиска поддршка…