Објавено на:

(Видео) Бајден се изгубил на сцената на ОН, го изнервирал бразилскиот претседател: „Ме слушаш ли?!“

t

Американскиот претседател Џо Бајден залутал од сцената на ОН без да се ракува со бразилскиот претседател Лула да Силва откако двајцата претседатели зборувале.

Лула бил видно иритиран откако разговарал со американскиот претседател за напорите за подобрување на правата на работниците во двете земји, пренесуваат медиумите во регионот.

Според написите, дипломатската средба уште на самиот почеток ја одбележале потешкотии затоа што Бајден, излегувајќи на сцената, најпрво се забил во бразилското знаме, а на крајот, излегувајќи од сцената, заборавил да се ракува со својот колега.

Бајден, според медиумите, одржал малку некохерентен говор за „економска визија според која економијата треба да се гради од средината надолу“, додека Лула гледал и слушал зачудено.

Додека претседателот на Бразил зборувал, Бајден се занимавал со слушалките преку кои го слушал преводот на говорот на Лула.

„Можете ли да ме слушнете, претседателе Бајден? Ова е историски момент за Бразил и за САД“, рекол Лула на почетокот на својот говор.

„Претседателе Бајден, дали ме слушаш?“, прашал повторно изнервиран Лула. „Дали ме слушаш? Добро добро“.

По ова, на двајцата претседатели на сцената им се придружил и генералниот директор на Меѓународната организација на трудот, Гилберт Хонгбо, а кога завршиле презентациите, Бајден се ракувал само со него, а заборавил на бразилскиот претседател.

Лула замавнал со раката кон сите и се оддалечил од бината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Претрес во Скопје, пронајдени дрога и…

Денеска (30.11.2023), полициски службеници од Единицата за…

Француско МНР: Присуството на Лавров на состанокот…

Присуството на шефот на руската дипломатија Сергеј…

Почина исклучителен дипломат: Путин изрази сочувство за…

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство на…

(Видео) ТЕОРИСТИЧКИ НАПАД НА АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО…

Утрово се случил терористички напад на автобуска…

Захарова ја исмеа Бугарија: Можев ли да…

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на…