(Видео) Бомба: Мицкоски бил информиран за се што било договорено во Комисијата за историја со Бугарија и ништо не превземал!

t

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил навремено информиран за работата на Комисија за историја со Бугарија, знаел што било договорено за Цар Самоил како и за Светите браќа Кирил и Методиј уште кога бил постигнат компромис и бил изработен записникот на кој потпис ставиле двете страни на Комисијата.

Јавноста беше шокирана кога пред еден месец од претседателот на Комисијата од македонска страна Драги Георгиев разбра дека е постигнат договор за Цар Самоил и Светите браќа Кирил и Методи со кој ќе се менуваат македонските и учебници и за кои секаде каде што се споменуваат ќе има црно квадратче фус нота во која ќе стои дека:

„Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Македонија. Тоа опфаќа значителен дел од земјите и населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја, којашто се споделува од двете современи држави Република Македонија и Република Бугарија. Заедничката комисија им предлага на двете влади, во духот на потпишаниот двостран Договор, одбележувањето на цар Самоил да биде знак на споделени вредности и вистинско добрососедство и пријателство“.

Односно:

„Делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа. Тоа дава суштествена основа на современите држави Република С.Македонија и Република Бугарија заеднички да го одбележуваат денот на Св.Кирил и Методиј“

Kaко што дознава Инфомакс, професорот Ванчо Ѓорѓиев редовно го информирал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за тоа што се разговара и договарало во Комисијата за историја, а токму политичката компромитација е на Ѓорѓиев е една од причините поради кои професорот доби шут карта од Комисијата од министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Иако Ѓорѓиев се појави во јавноста со отворено писмо и наводна оставка, тој таа никогаш не ја формализирал па Османи се реши дека му го прекине договорот бидејќи ја компромитирал работата на Комисијата.

-Професорот не ја поднесе формално оставката, но јас донесов одлука да се прекине договорот, бидејќи тој дозволи меѓу два изборни круга политиката да влезе и сериозно да ја компромитира Комисијата. Посебно што аргумент ни е ставот на другите членови, кои едногласно кажуваат дека никогаш немало притисоци од Владата или од МНР и дека се изненадени од таквиот став. Имајќи го предвид периодот на оставката, јасно е дека е политички компромитиран процесот во неговиот случај и тој договор треба да се прекине и да се најде нов член. Јас очекувам самата комисија да ми предложи нов член, тие ги знаат експертите, знаат од која област им фали, а јас потоа да го предложам до Владата“, изјави министерот Османи.

Проблематично е и што штитеникот на Мицкоски, Ванчо Ѓорѓиев лично учествувал во креирањето на ваквите заклучоци на Комисијата за историја за Цар Самоил и Св. Кирил и Методиј. Дополнително опозицијата го штитеше Ванчо Ѓоѓриев необјавувајќи колкави хонорари земал за работата која што ја вршел во Комисијата за историја.

Да не заборавиме дека таткото на градоначалникот на Аеродромо, Тимчо Муцунски директно беше вклучен во преговорите со Бугарија и креирањето на Францускиот предлог за бугаризација на Македонија, имајќи во предвид дека Ѕвонко Муцунски веќе подолг период е дел од кабинетот на министерот за надворешни работи.

Сето ова упатува дека Мицкоски и раководството на партијата биле упатени и во дипломатските и во историските прашања кога станува збор за спорот со Бугарија, знаеле се што се случува, молчеле и не сакале или не успеале да го спречат процесот за бугаризација на Македонија што пак упатува на политичка одговорност.

Сега народот го препозна референдумот за Договорот за добрососедство кој го промовира Мицкоски како уште една манипулација, обид да се легитимира процесот за влез на Бугарите во Уставот имајќи во предвид дека Законот за ратификација може да се укинесо просто мнозинство од 61 пратеник во Собранието на Република Македонија.

Но, можноста Бугарите да влезат во македонскиот Устав, нешто на што силно инсистираше бугарското државно раководство, како услов за да го тргне ветото, Мицкоски децидно не одбива во интервју за Призма. Имено, тој ја остава ваквата можност, но со предуслови што треба да ги исполни бугарската страна. Еден од нив е Бугарија „да се обврзе дека тоа е нивното последно барање“.

Видеото е од 10-ти јуни:

Иако Мицкоски во истоименото интервју најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласааат против Францускиот предлог тоа никогаш не се случи.

Maските се паднати…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јандриоски до политичарите: Не пишувајте утешителни статуси…

Политичарите во Македонија побрзаа на Фејсбук да…

Ашковски разочаран: Заслужувме многу повеќе од двата…

Очекувано не можеше да се сокрие разочарувањето…

Борисов за иссвиркувањето на бугарската химна: Соседите…

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов го…

И покрај поразот Милевски смета дека сме…

Македонија вечерва го загуби последниот натпреват во…

(Видео) За малку ќе беа “пошљакани”: Тензијата…

Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Бугарија кој вечерва се играше на…