Објавено на:

(Видео) Борис Џонсон пазари во супермаркет во Грција

t

Премиерот на Велика Британија во заминување, Борис Џонсон, е на одмор во Грција, во пошироката област на Атика, каде што се наоѓа главниот град Атина.

Сајтот prototema.gr го снимил Џонсон во градот Неа Макри, во супермаркет, каде во еден момент пазарел сам, придружуван од неговиот телохранител.

Веднаш бил забележан од останатите клиенти кои ги вклучиле мобилните телефони, а на една од снимките се слуша женски глас како му вели „чао“ на англиски, додека Џонсон отпоздравува за топлото добредојде.

Неговата партнерка Кери Симондс исто така беше снимена како стојат заедно пред еден од фрижидерите во супермаркетот.

Џонсон и неговата сопруга до неодамна одмараа во Словенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАПАДНАТА АМЕРИКАНСКА БАЗА: Реакција на Пентагон!

Две ракети паднаа синоќа во близина на…

Кралицата Елизабета имала рак на коските

Кралицата Елизабета Втора се борела со многу…

Најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија

Утрово е најстудено во Берово, каде се…

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ОД ГРАНАТИРАЊЕ: Тргна првиот воз…

Украинските власти почнаа да ги евакуираат граѓаните…

Дневен хороскоп за сабота (26.11.2022)

ОВЕН Благодарение на вашите способности, добивате мал…