(Видео) Британски војници демолираат кафуле па тепаат полицаец во Неготино

t

Тројца британски државјани, кои се учесници во воената вежба која периодов се одвива на армискиот полигон Криволак, Неготино, синоќа ги вознемирија граѓаните во центарот на градот со агресивно однесување.

Настанот се случи во кафуле на градскиот плоштад, локал кој е омилено збиралиште на тинејџерите од градот, а немилите сцени се одвиваа пред голем број на очевидци.


Како што информираат од СВР Велес за ,,Фокус”, вчера во 22.50 часот британските државјани Џ.Л. (29), Б.С. (24) и Б.Ф. (29), се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во Неготино.

Покрај тоа, Џ.Л. нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

-На 20.05.2022 во 22.50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Џ.Л.(29), Б.С.(24) и Б.Ф.(29), сите од Велика Британија, затоа што се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во Неготино, а Џ.Л. нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – соопштија од СВР Велес.

Граѓани кои беа сведоци на настанот, раскажуваат дека сликите со агресивното однесување на сега веќе приведените лица, кои гласно викаа на плоштадот и дивееа, биле вознемирувачки.

Со три полициски возила истите беа пренесени во полициската станица.

Од почетокот на воената вежба на Криволак, во Неготино беше забележан и друг инцидент, кога ранец падна од воздухоплов и оштети настрешница на семејна куќа.

И тогаш граѓаните реагираа дека поради пропуст на војник, кој бил дел од Мултинационалната вежба, „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион”, се предизвика општа опасност врз населението и среќна околност беше што тешкиот ранец не паднал врз некое од децата кои во тој период играле на улица, во непосредна близина каде се случи настанот.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Слабее ли западната медиумска пропаганда? Американски медиуми:…

Њујорк тајмс интервјуираше речиси дваесет украински војници…

Пожар во Неготино: Гори производствен погон, пожарникарите…

Голем пожар беснее на влезот во Неготино.…

(Фото) Паниката расте: Секој ден во Донбас…

Киев неочекувано призна огромни загуби. Секој ден…

Невреме проследено со град ги сотре земјоделските…

Невреме проследено со град попладнево предизвика штети…

Уапсени војниците кои го критикуваа Зеленски: Ќе…

Украинските војници од 115-та бригада, кои одбија…