(Видео) Вака не се добива војна: Руските сепаратисти му се пожалија на Путин дека се гладни и без лекови

t

Новинарот Кристофер Милер на Твитер објави видео од проруски сепаратисти од самопрогласената Народна Република Доњецк како му се жалат на рускиот претседател Владимир Путин поради условите со кои се борат во Украина.

Како што се наведува, видеото е снимено во областа Херсон, а 113-от полк на самопрогласената Народна Република Доњецк му се пожалил на Путин. Имаат замерки за студот и гладот. Тие информирале дека немаат лекови и дека во борбите влегле без соодветно оружје.

На видеото се гледа како војник чита текст додека други борци стојат околу него со оружје во рацете. Тие бараат да се вратат во Доњецк.

Русија постигнува тактички успех во Донбас и веќе контролира повеќе од 90% од регионот Луганск. Оваа информација ја соопшти британското Министерство за одбрана во својот извештај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба: Украина ќе продолжи во битката против…

Украина ќе продолжи во битката против руската…

Путин: Цел свет им се смее на…

Светот им се смее на некои од…

НАТО: Русија има огромна зимска залиха на…

Руските сили се подготвуваат за нови напади…

Москва: Примирје во Украина е малку веројатно…

НАТО се коцка со базичните интереси на…

ЕЦБ предупреди да не се пипаат замрзнатите…

Користењето на средствата може да го загрози…