Објавено на:

(Видео) Вечерва во 20:00 часот изложба на Олимпија Камчева во МКД

t

Линиите на Олимпија или можеби природниот отпор и избегнувањето да се има каков било стил е квалитет, кој трудот да најдеме сличност со експресионистичката уметност го прави залуден, за на крај да се препуштиме на псевдоморфизмот. Иако сликите на Олимпија речиси секогаш се поврзани со суровите емоции на отпор, сепак, тоа е вид мисла што извира од „внатрешното вечно дете“. Претставката за културна стабилност и транспарентност околу која се гради уметноста базирана на едноставни информации квалитетно е изоставена. „Изобличувањата“ во сликите на Олимпија не се таму за да испорачаат каков било стил, тоа не е мимикрија, туку филтрирана агресија и притисок што доаѓа од млад тинејџер.

Ретката искреност на Олимпија не може да биде и уредна и речиси аполонска, но може да биде единствена во својата суштинска оригиналност во творењето на едно сликарско дело, и тоа во историски рамки. Сликарството на Олимпија е луцидно, но и свежо, амбициозно, и не се извинува никому. Тип на творештво што луѓето можеби ќе го сакаат или не, но никој што го сака или мрази ова сликарството не може да ги отфрли и занемари.


Дел од она што е толку импресивно кај работата на младата уметница е нејзината самодоверба. Се чини дека Олимпија се фрла во творбите со целосна сигурност дека нејзиното патување низ платното ќе ја одведе таму каде што сака да оди, свесна дека патот ќе биде полн со неизвесности. Нејзиниот сликовен пристап генерално е воден од презаситеноста на актуелниот свет и основните човечки комуникациски проблеми, настанати со развојот на технологијата и актуелната утопија на новиот поредок. Сликите на Олимпија содржат многу карактеристики на гестуален крик. Таа го напаѓа платното како некој што може да ја разбере и прифати нејзината порака. Четката на Олимпија може да биде дива или варварско калиграфска. Сликите изгледаат брзи, но всушност содржат „конзервирано“ време и тие можат целосно да се ценат само со постојано внимание или можеби медитација. Линии без почеток или крај, исполнети со прашања и одговори што веројатно никогаш не ќе може целосно да бидат дешифрирани дури и од Олимпија. Но, нејзината работа е многу нејзина. Иако изгледа дека сликите имаат физичка тежина, тие не се тешки. Енергијата е немирна. Она што Олимпија го бара од нас е активно – сликите да нè одведат, а потоа да нѐ внесат и влечат низ целото платно, принудувајќи нè да се сместиме во нивната внатрешност или јадро, а не на површината на канвасот.

Четката е исклучително разновидна – тенка и широка, прска и капе, се тркала и е закачена, нежна и цврста. Всушност бурата се состои од мноштво чудни врски како на езотерично бојно поле: синото го убива зеленото, друго сино се наведнува над црно, жолто зјапа во сино и бело, прободува црно, како стрела.

Наспроти дуелот, некаде портокаловите, жолтите, зелените и кафеавите имаат сјај на цветна градина, но со својата формалност намерно вознемирена од некој туѓ свет. Густите, но и блескави гестови на боја потсетуваат на готските витражи, но и на ритмите на денешната музика.

Клучот за успехот на Олимпија е тоа што и покрај сета колоритна разбиеност и конфузија, се добива чувство дека читате дневник на уметник. Секое платно е како страница на која се запишани трепет и расположение со посебни нотации, кои како за Олимпија, така и за нас ќе бидат дел од едно конкретно подзаборавено минато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковид амнестија: Во Русија нема да се…

Московските власти ќе престанат да бараат исплата…

(Видео) “Слава на Русија”: Заробени украински војници…

На социјалните мрежи се појави видео од…

Ердоган не попушта: Нема НАТО ако Финска…

Турција нема да се согласи со приемот…

(Видео) Хаос во Пакистан: Демонстранти го запалија…

Избувнаа судири меѓу полицијата и демонстрантите во…

Тодоров: Никогаш нема да се изгради клиничкиот…

Никогаш нема да се реализира проектот за…