(Видео) Виктор Стојанов им се налути на платените Бугари во Македонија – „Земате пари од Бугарија, а се плашите да зборувате“

t

Виктор Стојанов, кој е познат во македонската јавност по неговите изразени антимакедонски ставови, поради што против него се води и кривична постапка, а истиот има забрана за влез во Македонија, им се налути на Бугарите за кои, како што вели самиот во видео, „земаат пари од Бугарија, а се плашат да се појавуваат јавно и да зборуваат“.

„До Бугарите во Северна Македонија: ако сакате финансиска поддршка од Република Бугарија, ќе бидете истакнати Бугари во Северна Македонија, не само во Софија! А ако не сакате да бидете истакнати Бугари во Северна Македонија и „да немате проблеми“, бидете Бугари дома – како десетици илјади други Бугари во Република Македонија, но не барајте финансиска поддршка од Бугарија. Пред 1 недела, Албанци со албански знамиња протестираа во Скопје. Вчера, Срби со српски знамиња во Куманово. Некој би прашал: каде се Бугарите во Македонија? Каде се македонските Бугари??“ – пишува во описот на видеото објавен од „Фондација Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Виктор Стојанов им се налути на…

Виктор Стојанов, кој е познат во македонската…

Затвореници помагаат во справување со штетите од…

10 затвореници кои издржуваат казни во отворениот…

Мицкоски со честитки до Јанша: Македонија и…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор…

Спасовски: Застојот кон ЕУ не е последица…

Пратеникот и поранешен министер Оливер Спасовски оцени…

Поплави во Бугарија, прогласена е вонредна состојба…

Во Велико Трново е прогласена вонредна состојба…