Објавено на:

(Видео) Во Колумбија се откриени потонати бродови преполни со злато

t

Колумбиски поморски офицери кои го надгледувале местото на бродоломот во галијата „Сан Хозе“ откриле уште два одамна потонати брода во близина, изјави колумбискиот претседател Иван Дуке.

Галијата „Сан Хозе“, за која историчарите веруваат дека носела богатства , што денес би вределе милијарди долари, потонала во 1708 година во близина на колумбискиот пристанишен град Картагена. Потенцијалното извлекување на потонатиот брод со децении е предмет на тужби.

Подморницата со далечински управувач која нурнала на длабочина од 900 метри открила нова снимка од потонатата галија, изјавија Дуке и поморските офицери во видео пораката.

Подморницата открила уште два потонати брода во непосредна близина – колонијален брод и галија за кои се верува дека се од истиот историски период, Колумбиската војна за независност од Шпанија, пред околу 200 години.

„Сега имаме две нови откритија во истата област, кои претставуваат нови можности за археолошки истражувања. Така, работата допрва започнува“, изјавил адмирал Габриел Перез.

Новите снимки од „Сан Хозе“ го дадоа најдобриот увид во богатството кое оваа галија го носела. Биле снимени златни прачки, златни монети, топови направени во Севиља во 1655 година и сочувани порцелански садови.

„Идејата е да се собере сето ова и да се создаде одржлив финансиски механизам за идните истражувања. На овој начин ќе го заштитиме богатството, наследството на „Сан Хозе “, изјави претседателот Иван Дуке.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По реакцијата на Пенушлиски делото „Галичник“ симнато…

На барање на познатиот македонски сликар Илија…

Загриженост во НАТО: Ѕверот сака да ја…

НАТО вети дека ќе им помогне на…

Косово испраќа војници на Фолкландските Острови

Собранието на Косово ја усвои одлуката за…

Брука: Наместо да спроведува ред, полицаец се…

Полицаец физички нападнал друг полицаец во објект…

Умираме како нација: Негативен природен прираст во…

Во третото тримесечје од 2022 година, во…