(Видео) Во пожар изгоре кровната конструкција на Безистенот во Струга

Пожар избувна претпладнето во Безистенот во Струга, при што изгоре кровната конструкција.
Командирот на Територијалната против пожарна единица Струга, Фети Мазари, потврди дека целосно е изгаснат пожарот.
Инаку во историскиот објект има 315 дуќани во кои се сместени угостителски објекти, бутици и други бизниси, чии сопственици се загрижени поради настанатиот пожар.
Поради збиеноста од градби во старото градско јадро, во центарот на Струга постоела опасност од зафаќање други објекти, но, брзата интервенција на пожарникарите, според него, спречила поголема штета.
Пожарот во Струшката пожарна бил пријавен околу 9 часот и 30 минути од граѓани, а интервенирале 11 пожарникари со три противпожарни возила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…
Кривична пријава против шест лица од Охрид…
СВР Охрид поднел кривична пријава против В.А.(53)…
(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…
Доцна вечерва избувна пожар во близина на…
Девојче е првото родено бебе во Струга!
Женско е првото родено бебе во Новата…
Регрутирале за ИСИС, планирале терористички напади: ОЈО…
По неколкумесечна предистражна постапка на јавен обвинител…