(Видео) Вучиќ: Не се борам ниту за Путин ниту за Бајден, гајле ми е за нив

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за ситуацијата во Украина и на фактот дека Србија сè уште нема воведено санкции кон Русија.

„ Истраевме 210 дена со стабилна политика, мислам дека никој не го очекуваше тоа… Патот на Србија е многу тежок, трнлив… но тоа е пат кој се грижи за интересите на државата. Нема да биде лесно во иднина“, рече Вучиќ.

„ Јас не се борам за Путин или Бајден, туку за Србија, оваа земја… Не ми е гајле за странските лидери“, додаде Вучиќ и изјави дека притисоците ќе се зголемуваат.

„Гледам како Србија во овие тешки моменти нема да биде под нивен напад и затоа што треба да размислуваме за денот потоа, како што изјави денеска Ангела Меркел“, рече Вучиќ и додаде дека притисокот врз Србија ќе се множи.

Тој вели дека на Запад се зголемува нервозата и дека политичките партии и медиумите ќе бидат вклучени во притисокот врз Србија. Тој во своето обраќање го повтори ставот на Србија за референдумите во Украина.

Вучиќ рече дека Србија нема да ги признае референдумите во областите Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Внимание: Паднаа две бандери во скопска…

Немил настан попладнево во скопска Кисела Вода.…

СО МНОГУ ГОЛОВИ: Џирона официјално го претстави…

Шпанскиот прволигаш Џирона и официјално го претстави…

Јужна Кореја воведува нови мерки поради зголемениот…

Здравствените власти во Јужна Кореја најавија дека…

ФБИ отвори истрага за иранските обиди за…

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) синоќа…

БАЛЕРИНА ВО РУСИЈА ДОНИРАЛА 50 ДОЛАРИ ЗА…

Судот во регионот на Уралските Планини во…