(Видео) Вoзнeмирyвaчko: 3aгинaлe цeли ceмejcтвa, прeкy 26 мртви тyриcти вo Пaкиcтан

t

Најмалку 26 лица загинаа откако обилниот снег ги зароби во возила во северен Пакистан. Армијата се обидува да ги расчисти патиштата и да ги спаси оние кои се уште се заробени во близина на планинското одморалиште Мури.

Околу 1.000 возила останаа заглавени на автопатот за време на снежната бура, изјави министерот за внатрешни работи Шеик Рашид, цитиран од Би-Би-Си.

Мури е планинско одморалиште северно од главниот град Исламабад.

Локалните медиуми во петокот објавија дека туристите останале заглавени поради снегот. Повеќе од 100.000 автомобили влегоа во Мура во последните денови за да забележат невообичаено обилни снежни врнежи.

Ова предизвика огромен сообраќаен метеж на патиштата кои водат кон и од градот, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти и дека најмалку шест лица замрзнале во своите автомобили, но се уште не е јасно како другите починале. Како можна причина се наведува гушењето по вдишување на пареа.

Рашид додаде дека владата ги повикала армијата и цивилните вооружени сили на итни операции за спасување на „речиси илјада“ возила кои сè уште се закопани.

Сите патишта до Мура ќе бидат затворени за туристи и отворени само за луѓето кои обезбедуваат помош за оние кои се уште се заробени, додаде министерот.

Снегот почна да паѓа во вторникот вечерта и продолжи во редовни интервали, што доведе до прилив од илјадници туристи, пренесе Ројтерс.

Оваа област сега е прогласена за област на катастрофа и луѓето се повикуваат да се држат настрана.

„Луѓето се соочуваат со ужасна ситуација“, изјави за новинската агенција АФП по телефон Усман Абаси, турист заглавен во град каде сè уште паѓаше силен снег.

– Не само туристите, туку и локалното население се соочува со сериозни проблеми, меѓу кои и недостатокот на гас и вода, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Детали за трагедијата во црква во…

Трагедија во црква во Египет: Првите резултати…

Трагедија: Десетмина загинати, меѓу кои и четири…

Десет луѓе, од кои четири деца денеска…

Драма над Лас Вегас: Се судрија два…

Четири лица загинаа откако два авиона денеска…

(Фото) Морничаво: Русите направиле масакар – Стотици…

Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Володимир…

(Видео) Хаос во Пакистан: Демонстранти го запалија…

Избувнаа судири меѓу полицијата и демонстрантите во…