(Видео) Галичник ќе биде отсечен најмалку една недела, големи снежни наноси и силен ветер

t

Новите снежни врнежи и силниот ветер кој дува создадоа нови проблеми за населението во Галичник.

Месната заедница преку социјалните мрежи информира дека снег со силен ветер вее од синоќа на Бистра, а на делот од патот кој бил исчистен се создаваат повторно снежни наноси.


-Прогнозата е дека попладнево врнежите ќе се интензивираат. Галичник ќе остане недостапен најмалку до наредниот викенд, велат од месната заедница.

Инаку, на почетокот од февруари поради снежни врнежи селото исто така беше отсечено. Патот непрооден, а надлежните служби доцнаа реагираа. По многубројните апели и спасувачката акција се започна со работа на терен.

Тогаш токму поради непроодност на патот и неможноста медицински екипи да пристигнат во Галичник дедо Павле, постојан жител на Галичник беше извлечен од селото со хеликоптер и во акција организирана од полициските „Тигри“, по што беше транспортиран во скопската болница „8 Септември“ на лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Знае ли нешто австрискиот канцелар: Нехамер гледа…

Австрискиот канцелар Карл Нехамер смета дека бугарскиот…

Голем терористички напад во Норвешка: Најмалку 19…

– Норвешката полиција денеска соопшти дека смртоносните…

И Грузијците останаа со прст во уста:…

Десетици илјади луѓе протестираа во Тбилиси против…

Српскиот министер за внатрешни бил најблизок соработник…

Небојша Стефановиќ во времето кога тој беше…

Османи открива: Намерно молчевме за предлогот на…

Молкот од Владата во врска со францускиот…