(Видео) Гол маж се качил на олтарот во црквата Свети Петар во Рим

Посетител на базиликата Св. Петар во Рим се соблекол и се качил на олтарот на црквата , во чин за кој се претпоставува дека е протест против војната во Украина, соопшти неименуван извор од Ватикан.
Голиот маж на грбот имал испишана порака во која повикува да се спасат децата на Украина. Неименуван извор тврди дека тој имал знаци на самонанесени повреди по телото, односно гребаници.
Стражарите на Ватикан го привеле неидентификуваниот маж и го предале на итаљанската полиција.
Инцидентот се случил вчера попладне непосредно пред затворањето на базиликата.
Неколку итаљански медиуми објавија фотографии од мажот направени од случајно затекнатите туристи.
https://twitter.com/UKSearch1/status/1664563914171125762?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1664563914171125762%7Ctwgr%5Ead57184991a83b68ee0bfa1b0d62497003f6b8b4%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fgol-mazh-se-kachil-na-oltarot-vo-crkvata-sveti-petar-vo-rim%2F
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Путин наскоро ќе умре и се…
Клучно е САД да не го извлечат…
Пар веднаш зажали што отвори порака во…
Пар веднаш зажали што отвори порака во…
Дневен хороскоп за 27 март
Овен Овој ден, конечно ќе можете да…
Македонија пред нов студен бран:Врнежи од дожд,…
До крајот на четврток 27 март во…
Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа
Русија има тајна база за нуклеарно оружје…