(Видео) Го загубив синот, судот нема да ми го врати, но никогаш никој не одговара – Tри години по трагедијата во Ласкарци

t

Ова е Илија Ристевски, еден од повредените во трагедијата кај Ласкарци. По 3 години се уште му се познаваат раните на главата. Тој денеска дојде на местото на несреќата. Од тој ден за Илија ништо веќе не е исто. Тој се чуди како е можно се уште да се пуштаа во сообраќај автобуси кои не се во исправна техничка состојба и несреќите се повторуваат, како таа во Бугарија.

Семејствата на жртвите и повредените оддадоа почит на местото на трагедијата заедно со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. Тие велат дека се уморни од судските рочишта.

„Го загубив синот, судот нема да ми го врати, но да живееш мирно, но никогаш никој не одговара. Кога никој не презема мерки тогаш тоа е проблем, си мислиш дали има држава, треба ли да седиме и да чекаме , кому да се обратиме, имаме ли кому да му се обратиме. Не, немаме кому да се обратиме“.

„Заедно ја водиме битката за вистината и правдата, битка која нема да ни ги врати нашите најмили, но ни дава надеж дека во иднина нема да се случуваат вакви трагедии. Над 100 судски рочишта, со многу сведоци, експерти, од машинскиот факултет, судска медицина, кои постојано кажуваат за причините за несреќата, и наспроти тоа, дополнително се разгледува случајот, со дополнителни супер истраги, и често пати заедно му имаме кажано н а судското тело дека сето ова е непотребно, дека во иднина ќе се случуваат вакви несреќи и за жал се случи, и до кога ќе трае, се уште не знаеме“.

Градоначалникот на општината, Арбен Таравари се надева ваквите настани да не се повторат иако болката се уште е многу голема за цел Гостивар.

„13 февруари 2019 останува најтрагичниот ден за општина Гостивар, денот кога се случи сообраќајната несреќа на местото каде што се наоѓаме, во Ласкарци, ден што не можеме да го заборавиме никогаш. Сите 16, жители на Гостивар, тоа е многу за толку мала територија. Посакуваме и се надеваме да не се повторат веќе вакви несреќи, болката е голема, уште неколку роднини се овде заедно со нас“, истакна Арбен Таравари.

На 13 февруари 2019 автобус од компанијата Дурмо Турс со патници од Скопје за Гостивар се преврте кај Ласкарци. Животот го загубија 16 лица. Иако властите ветија дека случајот ќе се расчисти, и по три години предметот се влече по судовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…