Објавено на:

(Видео) Густ чад над Одеса: Шест ракети го погодиле градот

t

Шест руски проектили денеска го погодиле украинскиот пристанишен град Одеса, изјави портпаролката на јужната воена команда на Украина.

На снимка која на Твитер ја објави шведскиот дипломат Карл Билд, се гледа како над градот се креваат густи облаци од црн чад.

Билд во коментар на твитот вели дека е јасно која е стратегијата на Русија – да продолжи со бомбардирање на градот, кој во еден момент би бил освоен и вклучен во руската окупациска зона во Украина.

Портпаролката Наталија Хуменјук рече дека четири ракети погодиле фабрика за мебел сместена во станбен кварт, додека другите две оштетиле аеродромска писта. Информациите за жртви се проверуваат.

Портпаролот на регионалната управа на Одеса, Сергеј Братчук, претходно кажа дека регионот на Одеса го погодиле четири проектили, но дека нема жртви. Агенцијата Ројтерс наведе дека тие извештаи во моментов не може да се потврдат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе биде пеколно лето: Пушилин најави ослободување…

Резултатот од специјалната воена операција во Украина…

Украина ја снемува парче по парче: Ослободувањето…

Кирил Стремусов, заменик началникот на воено-граѓанската управа…

(Видео) Густ чад над Одеса: Шест ракети…

Шест руски проектили денеска го погодиле украинскиот…

Момче загина, има повредени при гранатирањето на…

Тинејџер е убиен во новиот руски напад…

Одеса повторно “под оган”: При гранатирање оштетена…

Руските сили извршија ракетен напад на аеродромот…