(Фото) Дали Изет Меџити испратил партиски активисти да кршат знаци на Блаце бидејќи биле без албански јазик?

На социјалните мрежи се појавија видеа од хулигани на граничниот премин Блаце кои ги кршат новопоставените сообраќајни знаци од страна на Јавното претпријатие за државни патишта.
Знаците се поставени пред неколку денови, а според некои информации таблите биле искршени поради тоа што немало албански јазик на нив. Знаците имале текст на македонски, англиски и француски јазик.

Неофицијално, според информации од лица во ВЛЕН кои не се потврдени, наредба за таквите активности дал лично првиот вицепремиер Изет Меџити поради тоа што на таблите немало текст и на албански јазик.
Оваа информација засега не е потврдена, а став за случајот нема ниту од МВР ниту од ОЈО.
Претходно Меџити имаше и официјална реакција за таблите.

Вицепремиерот Изет Меџити остро го осуди овој настан, нарекувајќи го дел од тенденција за дестабилизација на политичката ситуација. Според него, ВРЕДИ ја покриле грешката на ДУИ, а поставување таблата без албански јазик била дел од проект предводен од Ејуп Рустеми, во кој биле продолжени два километри од патот кај граничниот премин „Блаце“.
„Реагиравме институционално и грешката беше исправена веднаш. Ова е уште еден пример на злоупотреба од оние кои секоја можност ја користат за политичка дестабилизација. Компанијата што го изгради патот, заедно со фирмата што го доби тендерот за сигнализација, која е блиска до ДУИ, направија ваква грешка,“ изјави Меџити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…
Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…
Ден на жалост во Србија поради трагедијата…
Најмалку 59 лица загинаа, а повеќе од…