(Видео) Дали Муцунски не сака да ги регулира терасите на кафичите бидејќи некој зема рекет од тие кафичи?!

t

Во Ново Лисиче беше нападнат советник на Левица, дешавката тргна од еден кафич кој узурпира таму простор незаконски.

Браќата на Пука Козметика одговориле на закана на сопственикот на кафичот, им се собрале и ги претепале. Мислам дека Дарко е уште во Клиника, ги знаеме скоро сите напаѓачи и ќе има соодветни пријави, открива во денешната епизода на Тешки муабети, Горан Костовски Чиз од Левица.

– Причината е што Дарко неколку пати во советот го покрена прашањето да се наплаќа некоја сума за користење на надворешниот простор, терасите и бидејќи Муцунски се жали дека нема приходи и ете му приходи.

Дарко неколку пати примаше суптилни закани, па и лично он се јавувал или некои негови пајташи, се заканувале да не мрчи Дарко во советот оти ќе го јаде дебело. Близначите отишле да разговараат со сопственикот на Хелиум, а беа претепани.

Симптоматично беше што јас сабајлето му пренесов на претседателот на советот на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, ботовската мрежа почна да трола дека Дарко бил претепан оти отишол да рекетира.

Дел од тие ботови се на платен список во кабинет кај Тимчо и јас ќе го поставам прашањето дали Муцунски не сака да ги регулира тие тераси бидејќи некој зема рекет од тие кафичи?! – истакна Чиз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица донираше еден тон стара хартија за…

Левица донираше еден тон стара хартија за…

(Фото) Не сакаме да учествуваме во заедничка…

Левица денеска оддаде почит пред споменикот на…

Охрид троши половина милион денари за софри…

503,500 ДЕНАРИ ПОТРОШЕНИ ЗА БОГАТИ СОФРИ И…

Максимално понизни на “камшикарите”: Одлуката за воведување…

Владината одлука за воведување на визи за…

ЕУ со Левица против поткупот на медиумите…

Политичката партија Левица вели дека ЕУ е…