(Видео) Да се нaежиш: Зарина Прасевда ја отпеа „Билбил пее во планина“ на врвот „Пелистер“ на Баба планина

Зарина Првасевда е псевдонимот зад кој се потпишува девојкатa со славејски глас Евгенија Здравеска. Јавноста ја запозна преку уникатните изворни песни отпеани од неа во планинското ехо, на македонските планински врвови. Зарина ќе каже дека откако знае за себе, музиката и е најдобар пријател, љубов, живот … Благодарна и најсреќна е за секоја една пофалба и признание од публиката за тоа што го работи.
„Билбил пее во планина“ беше песната која таа ја отпеа на 2.601 метар надморска височина на врвот „Пелистер“ на Баба Планина, пред околу две години, видео кое од прво слушање предизвикува чувство на љубов и енергија која не може да се опише со зборови. Освен оваа маестрална изведба, тука се изведбите и на „Распукала Шар планина“, отпеана на Караниколички езера на Шар планина, „Ој Зарино Првасевдо“ на Кајмакчалан.
–Навистина сум среќна и благословена, што преку овие видеа направени во планината, луѓето имаа можност да имаат вистинска, искрена средба со најчистото во мене, со музиката која им ги допре срцата. Тоа се видеа, кои ги снимаа моите другари, планинари, со обичен телефон и за нив мислев дека ќе си останат само во нашите планинарски дневници и телефони. Кога за прв пат го видов видеото за „Билбил пее“ на „Facebook“, објавено без да знам, веднаш налутено се јавив кај другарот, да го тргне. Но, додека да се разбереме телефонски, видеото веќе имаше неколку илјади прегледи, коментари и споделувања и веќе немаше поента да правиме што било. Сега, две година подоцна, ја разбирам и пораката од сето тоа. Сите ние сме жедни да слушнеме, да видиме нешто што доаѓа длабоко од срцето. Затоа што се поретко гледаме и слушаме такви содржини, а тие најсилно допираат, вели во изјава за „Приказна“ Евгенија Здравеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) “Комити” и “Чкембари” приредија навивачки спектакл…
Екипите на Пелистер и Вардар играат дерби, а иако тоа е…
(Фото) Почнува зимската бајка: Падна првиот снег…
Падна првиот снег за оваа сезона на…
Пелистер поразен во Скопје, МЗТ во предност…
Кошаркарите на Пелистер од Битола на гостински…
(Видео) “Гори” Јане Сандански: Тепачка меѓу Комити…
Навивачите на Вардар и на Е. Пелистер,…
150 планинари заглавени на Пелистер поради неисчистен…
Околу 150 планинари од планинарското друштво „Лисец“…