Објавено на:

(Видео) Девојчиња извлечени живи од под урнатините во Мјанмар

t

Драматични снимки од спасувањето на две девојчиња од под урнатините во Мјанмар по земјотресот кој ја погоди југоисточноазиската земја, се објавени на социјалните мрежи.

На видеото се гледаат две девојчиња на возраст од 13 и 16 години и нивната баба како лежат во област полна со урнатини по разорниот потрес со јачина од 7,7 степени, пренесе „Скај њуз“.

Девојчињата и нивната баба останале заробени додека се обидувале да побегнат од нивниот стан на шестиот кат во вториот по големина град во земјата – Мандалеј, кој е во близина на епицентарот на земјотресот. Во паника истрчале кон итните скали, но зградата се урнала.

Таткото на девојчињата мислел дека неговите ќерки и мајка му загинале, а тој преку социјалните мрежи молел за помош за да ги извади нивните тела. Но, се покажало дека се живи.

„Моите ќерки снимаа видеа на своите телефони мислејќи дека ако тие и нивната баба умрат, можеби некој ќе им ги најде телефоните и дека ние ќе ги видиме“, напиша нивниот татко на „Фејсбук“.

Спасувачите ги пронашле и со чекан направиле мала дупка низ која можеле да додадат вода, но морале да одат за да обезбедат дополнителна опрема.

Оставени сами на себе, девојките ги презеле работите во свои раце и со чекан го прошириле отворот и успеале да излезат.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Девојчиња извлечени живи од под урнатините…

Драматични снимки од спасувањето на две девојчиња…

Пад на индустриското производство во Србија

Индустриското производство во Србија во февруари 2025…

ФБИ ниту потврдува ниту негира вмешаност во…

Руски оперативци наводно веќе пристигнале во Србија,…

Златото достигна нова рекордна вредност

Цената на златото втора недела по ред…

Скопјанец пронајден мртов во „Мерцедес“ во Радишани

МВР соопшти дека вчера попладне, 71-годишен жител…