(Видео) Детали за големата акција на МВР во Карбинци: Запленети 15.500 стебла канабис!

t

На подрачјето на општина Карбинци, полицијата ги приведе Н.С.(56), А.Н.(37) и М.С.(36), сите од село Карбинци, Штипско, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од која при берба би се добиле околу 8 тона марихуана, со пазарна вредност од над 5 милиони евра.

Имено, по преземени мерки и активности полициски службеници во Карбинци открија површина од околу 1.300 м2 засадена со околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од кои дел во цветови. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, и со претходно обезбедени Наредби за претрес на дом и други простории од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на 5 локации во Карбинци во врска со производство на наркотична дрога марихуана, при што кај едно лице се пронајдени 690 растенија канабис, кај второто лице 36 растенија, а во нива сопственост на третото лице се пронајдени 15.415 растенија канабис, како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не работат само со лозје: Стебла канабис…

Полициски службеници од СВР Велес – Полициска…

(Видео) Детали за големата акција на МВР…

На подрачјето на општина Карбинци, полицијата ги…

Голема полициска акција во Карбинци: Запленети 15.000…

Вчера попладне е извршена голема полициска акција во атарот…

Двајца кумановци приведени поради Марихуана – МВР…

Кумановската полиција приведе двајца кумановци кај кои…

Kако со прaвни дупки досега се уkpадени…

Десетина дена откако беа откриени стотици килограми…