(Видео) Детали за експлозијата во Истанбул: 4 лица загинаа, засега нема пријавени македонски државјани

Според првите извештаи, четири лица го загубиле животот, а 38 се повредени во експлозијата што се случи денеска на улицата Истиклал во центарот на Истанбул, објави на својот Твитер профил гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја.Како што наведе, ранетите се пренесени на лекување во болница.
На загинатите им посакуваме Божја милост, а на повредените брзо закрепнување. Развојот на настаните ќе биде споделен со јавноста“, рече тој.
Градоначалникот веднаш соопшти дека не се знае што ја предизвикало страшната експлозија.Турските медиуми пишуваат и дека главното јавно обвинителство на Истанбул соопштило дека е покрената истрага за експлозијата.
Министерството за надворешни работи на Република Македонија со крајно загриженост ја следи ситуацијата по последната трагична експлозија во Истанбул; во вонредна функција се ставени Генерален конзулат во Итанбул како и Амбасадата во Анкара. Информираме дека досега не се пријавени наши државјани кои побарале помош; притоа напоменуваме дека при евентуална потреба за помош нашите државјани може да нѐ контактират на дежурните телефонски броеви: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје, велат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) СЕ ЗАПАЛИ КАПАЛИ ЧАРШИЈА: Голем пожар…
Пожар го зафатил покривот на Капали чаршија…
Драма на небото: Авион од Истанбул до…
Авионот од Истанбул за Париз штотуку принудно…
Турција го подготвува Истанбул за справување со…
Турските власти имаат намера да почнат да…
ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПАРИЗ: Две лица се исчезнати,…
Две лица се исчезнати, а најмалку 30…
Експлозија во Русија, четири лица загинаa
Најмалку четири лица загинаа, а две се…