(Видео) Драматична изјава на Дончиќ: Не уживам во кошарката, имам приватни проблеми

Иако синоќа постигна 34 поени, 10 скока и 8 асистенции и во моментов е втор стрелец во НБА лигата со просек од 23,9 поени по натпревар, Лука Дончиќ чувствува дека не е вистинскиот во последно време.
Се почесто го губи трпението, влегува во конфликт со судиите и со противничките кошаркари, а тоа се одразува на атмосферата и резултатите на Далас. По синоќешниот пораз од Шарлот, словенечкиот ас призна дека има приватни проблеми иако не откри за што точно станува збор.
Luka Dončić said this is the most frustrated he has been.
I asked Luka what has to improve in order to win games.
Luka Dončić: “We’ve got to fight hard and play hard and that’s about it. We’ve got to show we care, and that starts with me first.” pic.twitter.com/ln7J6Apxu8
— Landon Thomas (@sixfivelando) March 25, 2023
„Фустриран сум, мислам дека тоа на сите им е јасно кога ќе ме видат на теренот. Во последно време чувствувам дека тоа не сум јас, туку само стојам таму на теренот. Порано уживав и се смеев додека играв, но сега сум фрустриран од многу причини, не само кошаркарски. Многу ми се случува надвор од терените, што е повеќе од кошарката, но не сакам да зборувам за приватниот живот“, изјави Дончиќ.
Иако сезонава ја почнаа со високи амбиции, Маверикс би можеле да ја завршат за две недели бидејќи во моментов се на 11. позиција на табелата во Источната конференција. До крајот на основниот дел имаат уште седум натпревари, а во моментов се во серија од три порази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Драматична изјава на Дончиќ: Не уживам…
Иако синоќа постигна 34 поени, 10 скока…
Притвор за двајцата дилери од Арачиново!
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…
Како да учеле од Џаро: Во футсал…
Во македонската футсал лига за титулата се…
Младата македонска фудбалска селекција ја победи Финска
Младата македонска фудбалска селекција ја победи Финска,…
Приведени три лица за силување на малолетничка…
Струшката полиција денеска привела три лица поради…