Објавено на:

(Видео) Драматична снимка: Руски авион се урна во Грција!

t

Авион „Антонов“ од руско производство вечерва се урна во близина на грчкиот град Кавала, јавија локалните медиуми.

Според првите информации, пилотот побарал дозвола итно да слета на аеродромот во Кавала, но не успеал. Според дел од медиумите, станува збор за товарен авион, кој летал од Ниш кон Аман, во блискоисточната земја Јордан.

На социјалните мрежи се појави снимка направена од луѓе кои живеат во близина на местото, на која е снимен самиот пад на авионот. По падот се слушнале експлозии, а се појавија и непотврдени информации дека авионот превезувал муниција.

Спасувачки екипи од Солун и Комотини пристигнале на местото на настанот, додека се слушаат експлозии и прекин на електричната енергија во околните населени места, откако при падот ги пресекол каблите за струја.

Засега нема информации за тоа колку луѓе имало во авионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На денешен ден: Македонците и Грците се…

Драмското востание е кренато на 29 септември…

Некој си бара беља? Турција ја обвинува…

Беспилотните летала на турските вооружени сили снимија…

Машала: Странските туристи во Грција годинава оставиле…

Летото во Грција годинава, може да се…

Грчките служби спречија пренесување на кокаин од…

„Kланот „Америка“ е најдолговечниот, веројатно најмоќниот, но…

По Бугарија и Грција, Бектеши сега ќе…

Денеска Македонија и Бугарија не успеаја да…