(Видео) Драма во косовска Велика Хоча: Специјалци се обидуваат да запленат вино од српска винарија – Граѓани протестираат, син на сопственикот се заканува дека ќе се самоубие

t

Ситуацијата во Велика Хоча во моментов е многу напната поради обидот на косовската царина да конфискува поголема количина вино на семејството Петровиќ. Голем број жители се на улица, припадници на специјалната полициска единица Роса се пред куќата, Срѓан Петровиќ, кој е сопственик на винаријата, во знак на протест се врзал за јарбол, а неговиот син се качил на покривот од куќата и се заканува дека ќе скокне .


За поддршка на семејството Петровиќ се собраа голем број локални жители и од раните утрински часови е многу драматично.

Насобраните се обидуваат да ги убедат косовските полицајци да се откажат од конфискувањето на виното од лозјето на Петровиќ.

Косовската царина утринава соопшти дека при проверка во Велика Хоча во Ораховац открила дека неовластено се продаваат алкохолни пијалоци и затоа донеле решение за одземање на 42.000 литри алкохолни пијалоци, објави Коха.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…

МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…

По 100 евра за косовските пензионери и…

Косовската влада додели по 100 евра како…

ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…

Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…

Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…

КФОР спроведе вежба за спроведување на одбранбениот…

Баталјонот на Западната регионална команда на мисијата…