(Видео) Драма на Задушница во Штип: Куче ја изело храната од гробот, па влегло во кола да се одмори

t

Мајка и син од Штип биле преплашени од куче скитник кое прво ја изело сета храна која ја оставиле на гробот за Задушница, а потоа влегло во нивниот автомобил и таму си лежело околу 40 минути. Мајката и синот биле преплашени од големото куче и чекале тоа самото да излезе од колата за да можат да си одат дома.

– Јас сакав да седнам во колата, а тоа влезе, ме бутна и легна на задните седишта, опашот му висеше надвор. Чекавме околу 40 минути да излезе од колата за да си одиме – рече жената за телевизијата Стар, која ја објави приказната.

Од Јавното претпријатие Исар изјавиле дека бездомните кучиња не се во нивна надлежност. Мајката и синот апелираат до локалните власти да преземат нешто навреме зашто ако некој биде каснат или повреден, ќе биде доцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лесковaц: Избодено момче пред очите на својот…

Шеснаесетгодишно момче денеска по 14 часот е…

Српското Министерство за информирање бара отстранување на…

Српското Министерство за информирање и телекомуникации побара од српските…

Студентски пленум: Вечерва на еден час да…

Од студентскиот пленум излегоа со апел денес,…

Објавени медицинските центри во странство каде се…

Министерството за здравство попладнево ги објави медицинските…

Пронајдени 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар,…

МВР информира дека денеска полициски службеници од…