Објавено на:

(Видео) Ексклузивни снимки: Оклопни возила на НАТО на границата помеѓу Романија и Украина

t

Жителите на Сибиу, град во централна Романија, денеска на социјалните мрежи објавија видео од префрлање на воена опрема на НАТО во Ужхород, Украина.

Советникот на претседателот на Украина, Михаил Подољак изјави дека претседателот на Украина Володимир Зеленски најверојатно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин дури по очекуваната голема битка за источен Донбас.

„Украина е подготвена за големи битки. Украина мора да победи, особено во Донбас. И после тоа Украина ќе добие помоќна преговарачка позиција, од која ќе може да ги диктира условите. Потоа ќе се сретнат претседателите. Тоа може да биде две или три недели“, изјави Подољак.

Инаку, украинскиот министер за надворешни работи Димитро Кулеба во петокот предупреди дека битката за Донбас ќе биде „како Втората светска војна“.

Затоа апелираше до НАТО да испрати дополнителни залихи оружје.

„Или ќе ни помагнете сега – а јас зборувам за денови, а не за недели – или вашата помош ќе дојде предоцна и многу луѓе ќе умрат“, рече Кулеба на самитот на НАТО во Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нели немаше да ги има: ДВОЈАЗИЧНИ УНИФОРМИ…

Од денеска, како што е објавено во…

Вечерва “Тешки муабети” со Мирка Велиновска!

Следете ја денешната епизода на "Тешки муабети"…

Џевдет Хајредини иронично за оптимизмот на „фронтот…

После вчерашниот извештај на американскиот Стејт департмент…

СТРАШНО: Малолетник возел автомобил, повредени три лица…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска…

Од Вардар се пофалија: Ги продадовме речиси…

Од шампионот на Македонија информираат дека за…