Објавено на:

(Видео) Експлозии над израелското небо: Проработе противвоздушниот ракетен систем “Патриот”!

t

Во северниот дел на Израел беше употребен противвоздушен ракетен систем „Патриот“ за уништување на беспилотно летало, објави i24 News.

„Системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ се користеше во северен Израел, според извештаите, за соборување на беспилотно летало, последиците беа видливи од градот Сафед“, забележува каналот.


Во саботата наутро, Израел беше погоден од невиден ракетен напад од Појасот Газа. Прес-службата на израелската армија соопшти дека биле лансирани повеќе од 3 илјади ракети. Покрај тоа, борците на Хамас, по масовните ракетни напади, навлегоа во пограничните области во јужен Израел.

Военото крило на палестинското движење Хамас во саботата ја објави операцијата “ПОТОП Ал Акса” против Израел. Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија започнување на операцијата Железни мечеви против Хамас во Појасот Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето до нацијата рече дека земјата е во воена состојба и рече дека наредил широка мобилизација на резервите. Израелската војска ги расчистува населените места.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел призна дека го убил лидерот на…

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, во…

Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска по интензивните…

Можен прекин на огнот меѓу Израел и…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска отпатува во…

Унгарскиот кредит и Декларацијата за признавање на…

Собранието денеска ќе одржи три последователни седници.…

Новиот сириски лидер: Немаме намера да влегуваме…

Шефот на сириската бунтовничка група „Хајат Тахрир…