(Видео) ЕУ сакаат да бидеме постојано до нив, ама да не бидеме членка – Се однесуваат безобразно, а ние толерираме

t

Во денешната епизода на “Тешки муабети” се зборуваше за европската и останатите преспективи на Македонија и за односот на ЕУ кон нас како земја кандидат за членство во ЕУ.

– Тие сакаат да си бидеме со нив, ама да не бидеме членка на ЕУ, а да не може да соработуваме со Кина. Оружје да купуваме од нив, сигурни да бидат дека ќе ги пласираат нивните производи кај нас, да си земат доктори, инжењери кои им фалат како работна сила.


Да прашам Бугарија беше поспремна да биде во ЕУ во 2004-2005? Па тие се и денес полоши држави од нас, а цело време не зафркаваат.

Ова се случува затоа што и покрај нивниот безобразен однос ние велиме нема алтернатива на ЕУ, ние одиме по европскиот пат. И сега може соработка само со нив, ако соработуваме со друг не сме на европскиот пат, ама нашиот европски пат очигледно е полн со дупки и трнлив.

Ние не наоѓаме за сходно и власт и опозиција да им кажеме чекајте малку. Интерес за во ЕУ може имаат 50-100.000 луѓе и за нив такви маки?

Сега нема да не одвојуваат од Албанија, ќе не стават со Србија, како беше песната од Самарџиќ, у ноември, па ќе биде во декемви…

Вучиќ трпи страшни притисоци поради невоведувањето санкции, кај нас сме помирени со тоа.

Кај нив е проблемот, не е кај нас. Прво беше Грција, па Бугарија, сите заедно се кријат за Бугарија, ако не е таа ќе се јави некој друг што ќе не блокира. Според мене ние треба да промениме некои закони кои се нивни и се нефункционални, за да може да функционираме. Тито ни остави скоро перфектна држава, за два саати ако сте ограбен се враќаа предметите, крадецот беше фатен. – констатира Јакимовски.

За да разговараш така треба да си економски езависен, да имаш финансиска стабилност, пари за пензии, инвеститори, стабилна влада… Не дека Македонија нема алтернатива, имаме ние најзападна опција, а тоа е поблиска соработка со САД, стратешка соработка. И самиот Бујар Османи мислам дека порача дека доколку ЕУ не ни даде датум во јуни или во октомври, ќе си бараме како држава сериозна соработка со САД и нема да се занимаваме со ЕУ. – додаде Митовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=5476000312432621&notif_id=1653507918656662&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ЕУ ќе се зајакнат македонскиот идентитет…

Министерката за европски прашања на Република Финска…

Пахор: Се решава судбината на Западен Балкан,…

Претседателот на Словенија Борут Пахор изјави дека…

Косово може да придонесе за подобра ЕУ,…

Косовскиот премиер Албин Курти на денешната средба со министерката…

(Видео) Пендаровски: За мене францускиот предлог е…

Советот беше во полн состав, плус на…

Им текна дека постоиме, Бербок: Не смееме…

Не смееме повеќе да губиме време во…