(Видео) Затворен угостителски објект во Велес – гостите биле без сертификати

t

Во текот на изминатата вечер (25/26.02.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во седум угостителски објекти и ноќни клубови во Велес.

Притоа, еден објект е затворен од страна на ДПИ затоа што биле затекнати лица пуштени во угостителскиот објект без да поседуваат ковид сертификат, не биле издавани фискални сметки и затекнат бил малолетник по 24 часот, за што ќе следува и соодветна пријава од СВР Велес.


При контролата во еден од објектите утврдено е непоседување на фискален апарат при што е сочинет записник од Управата за јавни приходи. Во друг угостителски објект констатирана е поголема сума на пари во каса.

Од Државниот пазарен инспекторат во еден објект констатирано е неносење заштитни маски од страна на персоналот за што ќе следуваат соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охриѓанка заврши во болница откако падна од…

На 21.05.2022 околу 13.20 часот во СВР…

Тажно: Девојка скокна од зграда во Аеродром…

Доцна попладнево имало обид за самоубиство во…

Скопјанка го натепала 15 години постариот сопруг

33-годишна жителка на Скопје физички го нападнала…

Велешанец му се заканувал на месар дека…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против…

Брука: Девојка била тепана, силувана, давена, а…

Девојката од Велес која на 2 август…