(Видео) Затворен угостителски објект во Велес – гостите биле без сертификати

t

Во текот на изминатата вечер (25/26.02.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во седум угостителски објекти и ноќни клубови во Велес.

Притоа, еден објект е затворен од страна на ДПИ затоа што биле затекнати лица пуштени во угостителскиот објект без да поседуваат ковид сертификат, не биле издавани фискални сметки и затекнат бил малолетник по 24 часот, за што ќе следува и соодветна пријава од СВР Велес.


При контролата во еден од објектите утврдено е непоседување на фискален апарат при што е сочинет записник од Управата за јавни приходи. Во друг угостителски објект констатирана е поголема сума на пари во каса.

Од Државниот пазарен инспекторат во еден објект констатирано е неносење заштитни маски од страна на персоналот за што ќе следуваат соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Луди млади”: 81 годишен дедо од делчевско…

81-годишна жена од делчевско вчера пријавила во…

Кумановец заврши во болница откако на глава…

Дваесет и петгодишно лице од Куманово Б.Ф…

Семејна драма во Велес: Синот ја нападнал…

„Вчера во 17:45 часот во Велес, полициски…

Драма во Штип: Маж нападнат пред угостителски…

На 05.06.2022 во 06:30 часот Д.Т.(35) од…