(Видео) За малку ќе ја снимел својата смрт: Славниот авантурист преживеал удар од гром, сцената е страшна!

Американскиот биолог и експерт за диви животни може да слави и втор роденден.
Луѓето веруваат дека експертите за преживување, кои се појавуваат на телевизија, всушност себеси не се доведуваат во опасност додека снимаат.
Дека станува збор за заблуда покажува случајот со американскиот авантурист Форест Галанте, кој за малку ќе настрадал на Флорида, и тоа пред камера.
Овој биолог и експерт за диви животни неодамна снимал промотивен материјал во Еверглејдс, поточно длабоко во мочуриштето.
Додека стоел во водата, времето нагло се влошило.
„Денот беше прекрасен, снимавме одличен материјал. Токму пред крајот, времето се промени, почна да врне, но продолживме“, рекол Галанте.
На снимката се слушаат грмотевици, а следеле и силна експлозија и блесок.
Авантуристот излегува од вода и вели: „Го почувствував, погоден сум. Тоа болеше“.
Тој бил завртен со грб кога удрил громот, па дури подоцна ја видел снимката, пренесува „LadBible“.
„Почувствував нешто, како да сум парализиран. Водата се однесуваше како суперспроводник. Ударот мина низ моите нозе, стомакот, срцето до устата. Секунда подоцна излегов на брегот“.
Галанте имал многу среќа да преживее удар од гром и сигурно ќе ја памети оваа посета на Еверглејдс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривичен го отфрли предлогот за мерки за…
Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен…
Во куќа во скопско Средно Коњари пронајдена…
На 26.12.2024 во 21.20 часот во СВР…
Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…
Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…
„И вие да научите нешто“: Белградските студенти…
Студентите од белградските факултети се собраа пред…
ДУИ незадоволен од тоа што не е…
ДУИ е незадоволен од тоа што не…