(Видео) Зеленски: Ако Путин умре, војна ќе нема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е убеден дека војната во Украина автоматски ќе заврши доколку биде убиен рускиот лидер Владимир Путин. Зеленски гостуваше во специјалното шоу на Дејвид Летерман „Мојот следен гостин не треба да го претставам“, што се снимаше во метрото во Киев, поради што повремено се слушаше звукот на возовите.
„ Да претпоставиме дека Путин настине и умре или случајно падне од прозорец и умре, дали војната ќе продолжи? – го праша Летерман украинскиот претседател.
„ Не, тогаш немаше да има војна. Авторитарниот режим е страшен. Постои голем ризик еден човек да одлучува за се“ – одговори Зеленски.
Тој ја спореди таа хипотетичка ситуација со Советскиот Сојуз.
„ Значи, кога Путин ќе замине, сите институции застануваат. Нешто слично се случи и во Советскиот Сојуз. Сè запре. Верувам дека би им било тешко без него. Тие потоа би се фокусирале на внатрешната, а не на надворешната политика“ рекол Зеленски за време на интервјуто што ќе биде објавено на Нетфликс, пренесува „Украинска правда“.
Водителот го праша украинскиот претседател кои се неговите планови по крајот на војната.
„ Ќе останам претседател додека не победиме, а после тоа не знам. Не размислувам за тоа во моментов. Би сакал да одам на плажа. Да бидам искрен, Дејвид, само сакам да одам на плажа кога ќе победиме во војната. И навистина би сакал да пијам пиво – рече Зеленски.
Ukrainian president Volodymyr Zelenskyy sits down for a special episode of My Next Guest with David Letterman. Premieres December 12 pic.twitter.com/k3kyCOiD0o
— Netflix (@netflix) December 7, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: И по една година, Мицкоски уште…
„Мицкоски вчера од Штип повторно се обиде…
Се бара притвор за дилери: Чувале дрога…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Членот на ВМРО-ДПМНЕ кој јавно се огради…
Како да не беше доволно истите овие…
Пратеник со плата од 116.000 против синдикалец…
ВМРО ДПМНЕ и денеска го нападна раководството…
Маж пронајден починат во „Мерцедес“ на улица…
На 30.03.2025 во 16.24 часот во СВР…