(Видео) Зеленски ОДЛИКУВАШЕ КУЧЕ: „Ги намириса руските мини“

Патрон, две и пол годишниот териер Џек Расел, доби награда од украинскиот претседател Володимир Зеленски на церемонија во Киев.
Териерот, чие име на значи „муниција“, намирисал руски мини и експлозиви во североисточниот град Чернигов и стана маскота на Државната служба за итни случаи, пренесува Гардијан.
Тој стана национален симбол на отпорот на Украина против Русија и редовно се појавува во видеата на официјалните украински канали на социјалните мрежи.
Кучето, кое е тренирано да бара мини, е заслужно за откривање на повеќе од 200 експлозиви од почетокот на војната во Украина.
Ова животно беше наградено со Орден за заслуги во земјата.
Наградата Зеленски ја врачи на кучето и неговиот сопственик Михаил Илиев на прес-конференција заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој во неделата беше во посета на Киев.
„Денес сакам да ги наградам оние украински херои кои веќе ја чистат нашата земја од мини. И заедно со нашите херои, постои прекрасен мал сапер – Патрон- кој не само што помага во неутрализирање експлозиви, туку и ги учи нашите деца на неопходните безбедносни правила во областите каде што има опасност од мини“, изјави Зеленски по церемонијата.
Ukraine president @ZelenskyyUa decorated the army service dog Patron in the presence of Canada’s leader @JustinTrudeau pic.twitter.com/oMflbUFuCW
— Bojan Pancevski (@bopanc) May 8, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Домашниот есап на пазар не излегува ама…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и претседателката…
Струмица вечерва меѓу најзагадените градови во светот
Струмица вечерва е меѓу најзагадените градови во…
Сообраќајна несреќа на патот Охрид-Свети Наум: Учествувало…
Вечерва околу 19.30 часот на патот од…
Меџити го изгоре Мицкоски: Требаат уште шест…
Изет Меџити и други приврзаници на т.н.…
Левица од Атина: Грција и Бугарија мораат…
Грција и Бугарија мора да ја признаат…